Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Јаневска: За една година изградени се 7 нови училишта, реконструирани се 20 други останати училишта, и се градат 4 спортски сали

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во рамки на денешниот саем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во рамки на денешниот саем за отчет под мотото „4 години работа за тебе“, на панелот „600 милиони евра за развој и локален прогрес“, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем.

Јаневска истакна дека за само една година реализирани се проекти во вредност од 67 милиони евра.

-За само една година од добивањето на мандатот  на оваа Влада, ние отпочнавме и реализираме проекти во вредност од 67 милиони евра. Значи во првата година, само со средства од Министерството за образование и наука ние покривме проекти вредни 32 милиони евра, вели министерката Јаневска.

Реклама

Јаневска додаде дека изградени се 7 нови училишта, реконструирани се 20 други останати училишта и се градат 4 спортски сали.

-Изградивме 7 објекти, де факто 7 нови училишта, но во склоп на претходно постојните училишта. Во истиот тој период реконструиравме 20 други останати училишта и почнавме и градиме 4 спортски сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и Липково. Уште еден доказ дека оваа Влада не прави разлика во однос на локалната управа, туку води грижа само за граѓаните, нагласи министерката Јаневска.