Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Јаневска: Училишната кошничка ќе биде со цени од 1 јуни

Министерката Весна Јаневска изјави дека Владата донела одлука цените на училишниот прибор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката Весна Јаневска изјави дека Владата донела одлука цените на училишниот прибор да останат на нивото од 1 јуни годинава, со што се обезбедува поевтина „училишна кошничка“ за сите семејства.

Ова, како што рече Јаневска во интервјуто за една од националните телевизии, значи дека родителите ќе плаќаат околу 10 проценти помалку од актуелните цени за ранци, боички, фломастери, тетратки и друг потребен прибор.

-Вчера донесовме одлука за училишната кошница и еве ги информирам родителите дека ќе бидат цените кои важеле на 1 јуни годинава. Тие цени ќе бидат за целиот училишен прибор, почнувајќи од ранци, боички, фломастери, тертатки, сѐ што е потребно за едно дете да тргне на училиште е опфатено со оваа мерка и веќе е донесено. На 1 септември ќе биде цената што била на 1 јуни, тоа сигурно е 10 проценти помалку од денешните цени, рече министерката.

Реклама

Пред два дена премиерот Мицкоски најави дека Владата пред септември ќе воведе таканаречена „Училишна кошничка“ со која ќе се опфати училишниот прибор. Тој во понеделникот рече дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во маркетите, како и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатиот период драстично ги зголемиме цените.