Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека од 1 септември…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека од 1 септември учебници ќе има.

-Сите можат да бидат спокојни и не е ова прва година кога ќе има учебници. И минатата година со силни напори успеавме да обезбедиме учебници за учениците. Дел од учебниците веќе се дистрибуираат по училиштата. Секако, наставниците се на колективен одмор до 15 и после тоа поинтензивно ќе продолжи испораката на учебници. Во овој момент сè уште имаме одредени процедури кои се завршуваат. Но, и тие ќе бидат завршени и учебници ќе има, изјави Јаневска.

Околу прашањето за учебникот по историја и тоа дали ќе бидат земени предвид препораките од Историската комисија, таа одговори дека, како што рече „ќе бидат спомнати сите значајни историски личности кои што треба да бидат спомнати“.

Реклама

– Оваа година ќе има посебен предмет историја, секако и предмет географија, и ќе има учебници и по овие предмети. Тие се исклучително значајни, тоа се национални предмети кои децата секако треба да ги изучуваат. И мешаните комисии не дале сѐ уште официјален предлог барем до Министерството таков предлог не е стигнат. Оттука, ние и немаме обврска тоа што се зборува во јавноста да го примениме како такво затоа што немаме официјален допис. Секако, ќе бидат спомнати сите значајни историски личности кои што треба да бидат спомнати во различни одделенија, по различни теми и поглавја, така како што нашите автори сметаат дека тоа треба да се направи.

Во однос на оштетените учебници од минатата година, Јаневска објасни дека училиштата треба да ги пријават до Министерството, кое ќе испорача нови примероци според пријавениот број.

-Старите учебници кои треба да бидат заменети училиштата ги пријавуваат до Министерството за образование и наука. Колкав број на учебници за секој предмет поединечно ќе пријават, толкав број ќе испорачаме. Да, се случува некои училишта да направат пропуст, таму треба да има комисија за прием на старите учебници која треба да ги разгледа, да види дали се оштетени или неоштетени. Законот вели дека оштетените учебници родителот треба да ги плати во 70 проценти. Училиштата, особено некои општини, не сакаат да им ги побараат тие средства на родителите и пријавуваат помал број на оштетени учебници, појасни таа, дополнувајќи дека годинава им потенцирале дека е неопходно да ги пријават сите оштетени учебници и ќе добијат толку учебници колку што побарале.