Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Јаневска: Секој ученик уште од основно треба да расте во општество на заемна почит и соработка

Во рамки на активностите поврзани со унапредување на образованието и општествената одговорност,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на активностите поврзани со унапредување на образованието и општествената одговорност, претседателка на Општинскиот комитет на Петровец и директорка на ООУ „Кочо Рацин“ – Петровец, Виолета Јаневска, во вчерашното гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува – УЖ“ говореше за значењето на образованието како клучен инструмент во развојот на свеста за еднаквост помеѓу мажите и жените. Жените, вели таа, се подеднакво важни и можат да вршат одговорни и раководни функции.

Таа подвлече дека е неопходно свеста за еднаквост да се гради од најрана возраст, преку наставни содржини, воспитни активности и примерот кој го дава наставниот кадар. Според неа учебниците мора да ги одразуваат реалните вредности на рамноправност, со цел идните генерации да растат во општество на заемна почит и соработка.

Јаневска се осврна на 80-годишниот јубилеј на училиштето ООУ „Кочо Рацин“ и истакна дека се гордее со бројните успеси на учениците и наставниците, со силен акцент на традицијата, знаењето и заедништвото. Таа посочи дека прославата била вистинска потврда за 80-годишна традиција, вредности и успех во образованието.

Реклама

– Нашето училиште одбележува 80 години постоење каде што бележи бројни успеси од страна на учениците, многу награди, признанија. Како за наставниот кадар секако и за учениците каде што се постигнати многу значајни успеси, истакна Јаневска.

На крајот Јаневска објасни какво општество сакаме да видиме во поглед на еднаквоста помеѓу мажите и жените. Таа нагласи дека визијата за иднината е општество во кое жените и мажите се рамноправни во одговорноста и во можностите со цел градење стабилна иднина.