Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Јаневска: Сеизмолошката опсерваторија има поддршка од МОН, но имаат и други можности на финансирање

Министерството за образование и наука ќе продолжи да вложува напори за подобрување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука ќе продолжи да вложува напори за подобрување на условите во сеизмолошката опсерваторија, но треба да се потруди и раководството на институцијата и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ под чија надлежност е, да бараат и други начини на финансирање и обезбедување опрема. Тоа го истакна ресорната министерка на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања за состојбата на опсерваторијата.

Изрази задоволство што опсерваторијата добила проект, со кои средства ќе можат да купат две до три мерни станици. Опсеравторијата, нагласи, е дел од Природно – математичкиот факултет, кој е единка на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кој има буџет и треба да води сметка за неговите сопствени приоритети. 

– Униеврзитетите и факултетите во Македонија се борат за својата автономија и јас максимално ги поддржувам во тоа. Но, кога станува збор за нивните потреби генерално во опрема тогаш се повикуваат на државата. Државата своите обврски ги остварува кон универзитетите и факултетите, за оваа година тврдам дека сме направиле максимум што сме можеле. И понатаму ќе ги помагаме универзитетите зашто јас тврдам дека она во што со светот ние можеме да се натпреваруваме е науката, високото образование. Но и тие треба да си ја сфатат обврската дека треба да се потрудат и раководството на опсерваторијата и на Универзитетот да бараат разни други начини освен Министерството за финансирање. Има Европска унија, ИПА Фондови, компании кои соработуваат со образованието и многу други можности кои можат да и помогнат на државата, рече Јаневска.

Реклама

Изрази уверување дека, вели, не треба да бидеме загрижени дека ќе останеме без сеизмолошка опсерваторија, посочувајќи дека имаме долга историја на сеизмичко следење и со земјотреси и со катастрофален земјотрес, а го имаме и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје.