Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Јаневска: Преку развој на формалното и неформалното стручно образование го подобруваме пазарот на труд и ја јакнеме економијата

Македонија има квалитетен систем на формално стручно образование кој во соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има квалитетен систем на формално стручно образование кој во соработка со бизнис секторот продуцира кадар што му е потребен на стопанството. Тој систем постојано се надградува и неодамна се формирани седум регионални центри за стручно образование и обука, а паралелно фокусирани сме и на развој и промоција на неформалното образование и обука меѓу повозрасната популација за да продолжиме да го намалуваме јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Овие два сегменти ќе бидат во фокусот на нашите образовни политики и во периодот што следи.

Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, говорејќи како еден од панелистите на денешната дискусија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење, што се одржа во рамки на третиот „Глобален конгрес за население, здравје и развој на човечки капитал“ во Каиро.

Јаневска нагласи дека државата спроведува успешна инклузивна политика во формалното образование, но дека и неформалното образование треба да се практикува како концепт на доживотно учење, заради континуиран личен развој и постојано напредување во работата.

Реклама

-Предизвик е што 25% од популацијата во Македонија на возраст од 25 до 64 години одлучува да се надградува постојано во текот на животот, да ги развива стекнатите вештини за да обезбеди работен ангажман или да напредува во работата. Нашата интенција е да го достигнеме европскиот просек кој изнесува 47% и затоа усвоивме ново поефективно законско решение, нова Стратегија за образование на возрасните и преку промотивни активности ги поттикнуваме да продолжат да се едуцираат, да ја зголемат својата вработливост и да бидат повеќе конкурентни на пазарот на трудот, рече Јаневска.

Министерката посочи дека државата во соработка со Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија изработи Стратегија за паметна специјализација која укажува во кои области државата има потенцијал за развој и во таа насока Владата ги канализира човечките ресурси и инвестициите. Стручното формално и неформално образование помагаат за успешна имплементација на овој стратешки документ со крајна цел за економски напредок на Македонија.

Соговорници на настанот беа египетскиот заменик министер за образование и стручна едукација, проф. Ајман Баха, генералниот секретар на Националниот одбор на универзитети, проф. Мустафа Рифат, како и претставници на УНИЦЕФ и Светска банка.

Јаневска присуствуваше на повеќе други панел дискусии и презентации во рамки на „Глобалниот конгрес за население, здравство и развој на човечки капитал“ а оствари и средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур со кого е договорено формирање на работно тело со претставници на двете држави што ќе дефинира конкретни активности кои ќе ја продлабочат билатералната соработка во високото образование и науката.