Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Јаневска: Покачување на платите за наставниците ќе има во март, ако има можност – и уште едно идната година

Зголемување на платите на наставниците ќе има во март следната година.А ако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемување на платите на наставниците ќе има во март следната година.А ако дозволи ребалансот на буџетот до крајот на 2025 ќе има уште едно покачување -најави министерката за образование Весна Јаневска.Таа уверува дека грчевито ќе се бори за повисоки плати на наставниците. Децидна е дека просветните работници заслужуваат многу повеќе, но сепак вели е реална, дека оваа година покачување на платите не може да има.

Кога би можела, уште утре би им ја покачила платата, не за оние 12 проценти кои ги бара синдикатот. По можност 30, 40, 50 проценти. И нема дилема дека тие треба да имаат поголеми плати, јас само ги кажувам реалните можности, кажувам што наследивме од претходната власт. Ако таа министерка или било кои други министри правилно го планираа буџетот, може и немаше да имаме проблем – вели министерката Јаневска.

Во меѓувреме, течат последните подготовки за почетокот на новата учебна година. Учебниците се дистрибуираат, а годинава за прв пат, ќе има нови учебници и за стручните предмети најави Јаневска.

Реклама

Во однос на проблемот со бројот на наставници во земјава Јаневска вели дека  е комплексен, таа вели дека во одредени општини поради белата чума има и вишок на наставници, но во дел од општините недостасуваат. Сепак не даде конкретна бројка колку наставници во земјава им недостасуваат на училиштата.

Министерката најави и  реогранизација во подрачните училишта каде што има малку ученици, тие да следат настава во централните школи, но со прецизен план да не бидат извисени дел од наставниците туку и тие да се приклучат во наставата.

Ања Лукарова