Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Јаневска: „Партенија Зографски“ со своите 70 години е доказ дека со образование се гради иднината на поединецот и на државата во целина

„Партенија Зографски“ со своите 70 години е доказ дека со образование се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Партенија Зографски“ со своите 70 години е доказ дека со образование се гради иднината на поединецот и на државата во целина, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода, каде државното средно училиште со ресурсен центар одбележува 70 години постоење.

– Честитки за големиот јубилеј – 70 години од основањето на средното училиште „Партенија Зографски“ и искрена благодарност до сите, кои со својата посветеност, знаење и љубов придонесоа ова училиште да прерасне во вистински столб на инклузијата. Вашиот труд е отсликан во многу млади луѓе со оштетен слух, кои израснаа во самостојни и активни граѓани, целосно интегрирани во општеството. Продолжете со благородната мисија да им помагате на децата да ги остварат своите желби, не гледајќи ги нивните ограничувања, туку прифаќајќи ги како млади кои имаат потенцијал што треба да се развие, порача Јаневска.

Таа рече дека децата со оштетен слух имаат способности да постигнат исти резултати како сите други деца.

Реклама

– Затоа е многу важна психосоцијалната поддршка што им ја давате, за да изградат самодоверба дека можат да учат, а потоа и да работат како и секој друг млад човек. Во повеќе компании, работници со вакви физички предизвици градат работна кариера и се ценети како рамноправни и вредни членови на тимот. Голем дел од успехот ви припаѓа вам! Сакам да потсетам и на улогата на наставниците и стручната служба на ова училиште во работа со родителите, на кои најчесто им е потребна, исто така, едукација за да може нивното дете да напредува. Борбата со неприфаќањето и стигматизацијата и кај овој предизвик е голема, но, токму затоа како установа, а и како општество, имаме обврска да се избориме со нив. Само преку заедничка посветеност, поддршка и промовирање на вредностите на еднаквост и почитување на различностите, можеме да прераснеме во општество во кое и децата со предизвици ќе се чувствуваат прифатени и охрабрени да ги изградат своите самостојност и компетенции, децидна беше Јаневска.

Таа порача дека Министерството за образование и наука е заедно со нив во заложбите за поквалитетно образование, преку обезбедување обучен кадар, материјално-технички ресурси и специјални помагала.

-Заедно со Бирото за развој на образованието подготвуваме наставни програми во кои се вградени современи стандарди, научно засновани практики и иновативни педагошки пристапи, со цел секое дете да добие квалитетно инклузивно образование. И на крајот, да не заборавиме дека јубилејот говори за долга и плодна едукативна практика на која како држава сме горди. „Партенија Зографски“ со своите 70 години е доказ дека со образование се гради иднината на поединецот и на државата во целина, а ваша задача е да го продолжите тој пат во служба на нашите деца. Честит јубилеј, истакна министерката за образование и наука.

Според установата, ова училиште е место каде знаењето се пренесува со срце, каде тишината не е пречка, туку јазик што се разбира со поглед, со труд и со вера во секое дете. 

Директорката на училиштето, Слободанка Џеповска во изјавата за медиуми ѝ се заблагодари на министерката за несебичната поддршка во целиот процес на опстојување на училиштето.

– Ние сме единствено средно училиште за ученици со оштетен слух и говор кои од 1 септември почнавме да работиме и како ресурсен центар. Се радувам што нашето училиште не е само училиште, туку претставува и дом, место каде нашите ученици се, најнапред згрижени, понатаму образовани, воспитувани и подготвени за понатаму во општествениот живот, нагласи Џеповска.