Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите

Тестаторите да ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тестаторите да ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците, а тие да не се обидуваат да препишуваат и испитот да го сфатат како дел од нивното образование кој не треба да претставува никаков проблем – порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред утрешното полагање на првиот екстерен испит од годинашната матура за која се пријавени над 15 000 средношколци.

-Тестаторите да си ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците и на државата. Дополнително напоменувам дека е затегната легислативата  и таа треба максимално да се почитува, рече Јаневска денеска при посетата на Градежниот факултет при УКИМ.

Втората порака е до учениците – испитот, рече таа, е дел од нивното образование и не треба да претставува никаков проблем.

Реклама

-Тие треба да пристапат како кон нормален, составен дел на нивното образование. Им порачувам и да не се борат со системот, да не бидат премногу иновативни изнаоѓајќи разни начини да се снајдат при полагањето на државната матура.Поконкретно кажано, ги замолувам одредени групи, групации и поединци да не го користат препишувањето како метод за полагање на државната матура. Затоа што тоа не е ниту во нивна корист, ниту во корист на нивните родители, ниту во корист на државата, апелираше Јаневска.

Како што рече, се е подготвено за спроведување на завршниот испит и ќе тече без никаков проблем.

-Само уште овие два услова да се исполнат, а верувам дека ќе бидат исполнети, додаде  министерката.

За утрешниот прв екстерен испит се пријавени 9969 ученици за македонски јазик, 4339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик.

Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се полага на 11 јуни