Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Јаневска на Светскиот ден на ромскиот јазик: Го негуваме јазичното и културното богатство, така сме посилни и побогати како држава

Ромскиот јазик е дел од нашето заедничко културно богатство и преку образованието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ромскиот јазик е дел од нашето заедничко културно богатство и преку образованието станува дел од нашето заедничко наследство кое имаме должност и со задоволство го чуваме и негуваме, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик – 5 Ноември.

Како што соопшти МОН, Јаневска на настанот им го честитала на припадниците на ромската заедница  Светскиот ден на ромскиот јазик, посакувајќи им „вечност на најважното идентитетско обележје“ и им порачала дека „Македонија ги почитува и секогаш ќе ги поддржува во заложбите за зачувување и развој на својата култура и идентитет“.

Посочила дека Министерството за образование и наука континуирано работи на унапредување на образованието на ромската заедница и на создавање услови за одржливо изучување, промоција и заштита на ромскиот јазик и оти во оваа насока годинава има значајни исчекори.

Реклама

– Чест ми е што лично ги предводев промените што се случија и додека раководам со овој ресор ќе продолжам да прифаќам реални и спроведливи иницијативи. Со измени на законската регулатива овозможивме учениците да го изучуваат изборниот предмет Јазик и култура на Ромите и во групи помали од 15 ученици, што претходно не беше пракса. На овој начин, создадовме реална можност секое дете што сака да го изучува ромскиот јазик, да може тоа да го направи без ограничување, нагласила Јаневска, додавајќи дека преку обезбедување современи наставни материјали се негува ромскиот јазик од најрана возраст.

Јаневска напомнала и дека Министерството за образование и наука го зголеми бројот на ромски образовни медијатори во основното образование од 40 на 50, а првпат се воведени и во средното образование „каде во минатото недостасуваа, а имаат важна улога во градењето мостови помеѓу учениците, училиштата и родителите“. Годинава е зголемена и квотата на стипендии за ученици и студенти Роми, за околу 300 стипендии.

-Ова се мерки кои произлегуваат од Националната стратегија за Роми и не претставуваат само краткорочни активности, туку одржливи јавни политики што ја зацврстуваат рамноправноста и инклузивноста во нашиот образовен систем. Со иста почит и политики продолжуваме и во периодот што следува, затоа што ромската заедница е дел од нашето заедничко општество и има придонес во неговиот развој. Ако го јакнеме образованието на Ромите, ја јакнеме и силата на заедницата и нејзината општествена улога, укажала министерката Јаневска.