Реклама

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Македонија

Јаневска: Македонските истражувачи добиваат европски перспективи

Со силна порака за отворање на македонската наука кон европските истражувачки центри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со силна порака за отворање на македонската наука кон европските истражувачки центри и поврзување на академијата со индустријата, на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денес се одржа ИНФО ДЕН посветен на можностите за поддршка на научно-истражувачката дејност преку ново потпишаниот Рамковен договор со Здружениот истражувачки центар (Joint Research Centre – JRC) на Европската комисија.

Настанот ги обедини водечките претставници од академската заедница, Владата и меѓународни партнери, кои дискутираа за иднината на науката во Македонија и нејзината улога во развојот на одржлива енергетика, паметна индустрија и трансфер на знаење.

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска посочи дека надградената соработка се однесува на клучни области како зајакнување на инфраструктурата за истражување и развој, усовршување на инструментите за управување и политика, како и развој на механизми за следење и евалуација. Дополнително, соработката ќе ја промовира мобилноста на истражувачите, нудејќи можности за докторски и постдокторски кандидати од земјава да бидат сместени во научните директорати на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија.

Реклама

„Соработката меѓу Македонија и Здружениот истражувачки центар на Европската комисија влегува во нова ветувачка фаза. Мојата неодамнешна посета на институтот во Испра ја потврди нашата посветеност за продлабочување и проширување на ова партнерство и со големо задоволство денес го официјализираме тоа со потпишување на Рамковен договор за истражување, кој ќе биде од клучна важност за спроведување на Стратегијата за паметна специјализација на државата“, рече министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.