Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Јанев: Со дигитализацијата зголемена бројката на лица детектирани по потерници на граничните премини

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека интензивно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека интензивно се работи за воспоставување на системот „One Stop”, на граничниот премин Табановце – Прешево со Србија.

-Во делот со Република Србија работиме интензивно, тест фаза е, останува договорите да поминат во двата парламенти и набрзо ќе добиете информација дека и тој систем ќе биде во функција, во многу блиска иднина сето тоа ќе се случи, изјави Јанев.

Тој потсети дека веќе постојат успешно воспоставени „One Stop“ системи на граничните премини со Косово, на Блаце и Јажинце.

Реклама

-Во контекст на дигитализација можам да кажам дека бројките се солидни во начинот на тоа што откриваме на граничните премини, колку лица се детектирани по потерници и изведени пред лицето на правдата, нешто што не беше случај пред два месеци, рече Јанев.

Како што најавија претходно од Министерството за внатрешни работи, One Stop“ системот кој неодамна беше имплементиран со Косово на граничниот премин Блаце-Елез Хан, набрзо ќе биде пуштен и со Република Србија, ќе следува имплементација и со Република Албанија, така што Македонија ќе го има имплементирано овој систем со сите земји – соседи кои не се дел од Европската Унија.