Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Јанев присуствуваше на вежбовни активности на САЕ Тигар кои се дел од заедничката обука со армискиот баталјон „Волци“ и специјалните сили на армијата на САД

Вчера и денеска (16/17/06) на армискиот полигон „Криволак,“ како и во седиштето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера и денеска (16/17/06) на армискиот полигон „Криволак,“ како и во седиштето на командата на Специјалната антитеростичка единица – Тигар, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев присуствуваше на изведувањето на вежбовните активности на припадниците на единицата чие што реализирање беше организирано во рамки на повеќенеделната заедничка обука во која, покрај припадници на САЕ – Тигар, учествуваа и припадници од Баталјонот за специјални сили „Волци“ при Армијата на Република Северна Македонија, како и припадници на специјалните сили на Армијата на САД, познати како „Зелени Беретки“.

-Горди сме на професионалноста на нашите елитни единици, кои рамо до рамо со партнерите од Армијата на САД разменуваат искуства и знаења. Ова е уште една потврда за нивото на доверба и соработка што го имаме со нашите стратешки сојузници, истакна директорот Јанев, потенцирајќи дека оваа заедничка обука всушност е дел од пошироката програма за меѓународна соработка и зајакнување на интероперабилноста на специјалните сили, организирана со поддршка на Амбасадата на САД во РСМакедонија и Канцеларијата за регионална безбедност. Според Јанев, станува збор за активности кои не само што го зајакнуваат капацитетот на безбедносните сили, туку ја унапредуваат и стратешката поврзаност меѓу институциите на двете земји.

Инаку, следната ваква обука веќе е во фаза на подготовка и ќе се реализира во текот на август 2025 година. Обуката ќе биде насочена кон напредни техники на противтерористичко делување, со фокус на планирање и изведба на сложени операции во услови на реални безбедносни закани. Како што нагласи директорот Јанев, Министертвото за внатрешни работи останува посветено на изградба на стабилен, безбеден и отпорен систем на јавна безбедност, со јасна визија за иднината и партнерскиот пристап кон глобалните безбедносни предизвици.