Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Јанев: Правдата повторно затропа на адреса на полицајците, никој нема да биде поштеден ни заштитен

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, вели дека еден месец…

Сподели:

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, вели дека еден месец по трагичниот настан кој ја потресе македонската јавност, правдата повторно затропа на адреса на полициските службеници вработени во Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден, поднесена е четврта кривична пријава против седум дополнителни полициски службеници поврзани со трагедијата.

„Никој нема да биде поштеден ниту заштитен, без разлика на статусот, институцијата од која доаѓа или функцијата која ја извршува или извршувал“, објави Јанев на Фејсбук.

Реклама

Директорот на БЈБ додава дека досега, одговорност и сомнежи за поврзаност со овој трагичен случај се утврдени кај 59 физички и 3 правни лица.

„Продолжуваме со нашата обврска за темелна истрага на секоја причина и сечија одговорност која ја предизвика трагедијата. Ги вложуваме сите наши капацитети во расчистувањето на сите причини кои доведоа до трагедијата и да изградиме поинаков, посилен и поправеден систем, за ваквите трагедии никогаш да не се повторат. Македонија заслужува систем кој ќе ја почитува правдата и ќе гарантира безбедност за секој граѓанин, без компромиси. Време е да се изгради силен, транспарентен и одговорен систем кој нема да дозволи повторување на вакви трагедии“, дециден е директорот на БЈБ.