Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Јанев: Македонската полиција е силен и доверлив партнер

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев од денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев од денеска и во наредните два дена во Атина, Грција, ја предводи делегацијата на македонското МВР на 52-та Европска регионална конференција на ICPO-INTERPOL тематски посветена на – Користењето на експертизата, капацитетите и ресурсите на ИНТЕРПОЛ за борба против употребата на нови технологии кои го подобруваат обемот и ефикасноста на транснационалниот сајбер криминал

Во рамки на Конференцијата ќе бидат промовирани и презентирани неколку суштински препораки за земјите членки на Интерпол во борбата против употребата на нови технологии (на пр. вештачка интелигенција) како нови алатки во функционирањето на сајбер криминалот. Но и обезбедување експерти од областа на сајбер криминалот на GCEG на ИНТЕРПОЛ за олеснување на двонасочното споделување информации, за развојот на вештини и размена на експертиза, како и стратешки дискусии за критични теми поврзани со сајбер криминалот кои директно влијаат на капацитетот на земјите-членки за справување со сајбер криминалот, особено кога во тоа се инволвирани нови технологии.

Исто така една од битните препораки ќе биде развојот на прилагодени обуки и оперативна поддршка, како и активното учество и придонес во оперативните активности на ИНТЕРПОЛ за борба против сајбер криминалот, и тоа во области кои се идентификувани како посебни проблеми со сајбер криминалот, како што се „ransomware“, компромитирање на деловна е-пошта или онлајн измамите.

Реклама

Во текот на првиот работен ден, на маргините на Конференцијата, директорот Јанев оствари билатерална средба со директорот на грчката полиција Димитриос Малос. На средбата, меѓу другото беше разговарано за продлабочување на билатералната соработка во сите области, со акцент на борбата против организираниот криминал, а во насока на идентификување и сузбивање на криминалните групи кои делуваат во регионот. Исто така директорот Јанев ја истакна важноста од зајакнување на граничната соработка во насока на воспоставување на заеднички контакт центар, сузбивање на илегалната миграција и сите криминални активности кои се инфилтрираат преку оваа транзитна рута. Двајцата директори се заложија за интензивирање на заедничките средби и понатамошна дискусија на стратешко и оперативно ниво за поуспешен одговор на предизвиците со кои заедно се соочуваме.

Директорот Јанев нагласи дека македонската полиција е силен и доверлив партнер, којшто несомнено е рамо до рамо со сите европски партнери во ефективната борба против транснационалниот и сајбер криминал за чие што сузбивање е повеќе од неопходна цврстата меѓународна соработка и активното користење на сите ресурси на INTERPOL.