Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Јамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како се поатрактивна туристичка дестинација

Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат поврзаноста на државата со регионот и Европа и да создадат нови можности за локалниот економски развој, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од најзначајните проекти е изградбата на брзата железничка пруга Скопје – Солун, која ќе претставува најголем инфраструктурен проект не само за Македонија, туку и за целиот регион на Југоисточна Европа. Со нејзиното завршување, патувањето до Солун значително ќе се скрати, што ќе овозможи побрз пристап до морето и ќе придонесе за зголемен број туристички посети во двата правци. Истовремено, Гевгелија ќе се развие во значаен туристички и економски центар, а со проширувањето на граничниот премин ќе се олесни движењето на патниците и туристите.

Паралелно се реализираат и повеќе проекти во Гевгелија кои директно придонесуваат за развојот на туризмот. Во тек е изградбата на западниот булевар, кој ќе го подобри сообраќајното поврзување, се реставрира заштитената стара чаршија со цел повторно да стане препознатлив симбол на градот, а се привршува и изградбата на браната Конско. Со нејзиното ставање во функција Македонија ќе добие ново вештачко езеро, кое отвора можности за развој на рекреативен, спортски и викенд туризам. Дополнително, се реконструира и патот до ски-центарот Кожуф, со што се создаваат услови оваа туристичка дестинација повторно да стане атрактивна за домашните и странските посетители.

Реклама

Значајни резултати се постигнати и во авиосообраќајот како важен сегмент за развојот на туризмот. Преку програмата за субвенционирање нови авиолинии, од есента 2024 година досега се обезбедени 21 нова авионска дестинација од скопскиот и охридскиот аеродром. Новите линии кон градовите како Барселона, Дубаи, Неапол, Милано, Будимпешта, Виена, Краков и други европски центри ја прават Македонија достапна за странските туристи и придонесуваат за зголемување на туристичкиот промет.

Во исто време се инвестира и во модернизација на аеродромската инфраструктура. Реконструкцијата на охридскиот аеродром е во завршна фаза, со нов терминал, нова административна зграда и проширување на капацитетите за прием на патници и авиокомпании. Резултатите веќе се видливи, при што охридскиот аеродром забележува рекорд со повеќе од 3.000 опслужени патници во еден ден.

Почитувани,

Сите овие инвестиции се дел од јасна стратегија за развој на туризмот преку подобра инфраструктура, поголема поврзаност и создавање нови туристички содржини. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реализација на проекти кои ќе ја направат Македонија уште поатрактивна туристичка дестинација, ќе го поттикнат локалниот економски развој и ќе донесат нови можности за граѓаните и стопанството.