Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Македонија

Извештајот на Томас Вајц утре пред европратениците

Признавање на македонскиот идентитет и јазик, силна поддршка за евроинтеграциите, повик за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Признавање на македонскиот идентитет и јазик, силна поддршка за евроинтеграциите, повик за забрзување на преговорите за членство во ЕУ, спроведување на обврските и имплементирање на реформите. Ова ќе бидат главните теми за дебата во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент кој ќе заседава утре. Извештајот за Македонија подготвен од известувачот Томас Вајц, кој најмалку и се допаѓа на соседна Бугарија, ќе се најде пред европратениците. Се очекува копјата да се кршат најмногу поради јасната поддршка за македонската посебност – токму и поради тоа, бугарските европратеници сакаа да интервенираат преку амандмани.

Тоа се покажа уште на 4 јуни кога гласањето беше одложено на барање на Вајц, поради притисоци од Бугарите кои се противеа на формулациите поврзани со македонскиот јазик и идентитет. Вајц тогаш истакна дека бил сведок на интензивни политички дебати, но останува цврсто на ставот дека документот ја одразува заедничката позиција на сите пратенички групи во Европскиот парламент.

Овој извештај не е наменет за решавање на билатерални прашања помеѓу Бугарија и Македонија. Тој се фокусира на владеењето на правото, правата на малцинствата и усогласеноста со европските политики, нагласи Вајц на 4 ти јуни, образложувајќи го барањето за одлагање.

Реклама

Ако пратениците на Бугарија опстојат на овие обиди за негирање на идентитетот, со амандамните кои ги поднесоа во текстот да стои „сегашен идентитет“ – ќе се покаже дека уставните измени не се единственото барање на Бугарија туку нејзината цел е постојано да не блпокира на патот кон ЕУ. Дебатата во Европскиот парламент ќе биде тест и за институциите на ЕУ – колку се почитуваат вистинските европски вредности.

Во пресрет на утрешното гласање, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува усвојување на извештајот со јасна порака во одбрана на македонскиот идентитет. Тој предупреди дека во Брисел биле активирани обиди за ревидирање на документот – термините македонски јазик, македонски идентитет да бидат заменети со модерен македонски или сегашен македонски народ. Сепак, Мицкоски верува дека огромното мнозинство на европратеници стојат зад нашите аргументи.