Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Изложба „Thorning Point – Форми на колективно дејствување“ и дебата за иднината на независната културна сцена во Европа

Во КСП Центар – Јадро денеска ќе биде отворена изложбата „Thorning Point…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во КСП Центар – Јадро денеска ќе биде отворена изложбата „Thorning Point – Форми на колективно дејствување“ на авторите Клелија Живковиќ, Јана Јовашевиќ, Паоло Асенца и Никола Ротироти и Јуриј Грузинов и Олексиј Сај, курирана од: Мелоди Робин и Алесија Симонети.

-Изложбата „Thorning Point – Форми на колективно дејствување“ обединува уметнички практики од четири независни простори – КСП Центар-Јадро (Скопје), U10 Art Space (Белград), Spazio Y (Рим) и Jam Factory (Лавов) – отворајќи простор за размислување за автономијата, самоорганизацијата, солидарноста и колективното дејствување, односно за тоа што значи денес да се минува низ бодликавите пресвртници на независното творештво, соопшти КСП Центар – Јадро. 

Изложбата ќе биде придружена со дебата „Сè уште независни? Каква иднина за независната културна сцена во Европа“  на која ќе учествуваат Ѓорѓе Јовановиќ (Центар Јадро, Скопје), Јана Јовашевиќ (U10, Белград), Паоло Асенца (Spazio Y, Рим), Илона Демченко (Jam Factory, Киев). Дебатата ќе ја модерира Мелоди Робин. 

Реклама

-Разговорот ќе се однесува на независните културни центри како простори за креација, експериментирање и средби. Независните културни места нудат видливост на алтернативни уметнички практики, а воедно го поттикнуваат појавувањето на нови форми на солидарност и колективна организација. Соочени со несигурно културно финансирање и зголемена контрола врз уметничкото творештво, како овие простори може да ја зачуваат својата слобода и да ја обезбедат својата одржливост во Европа? Преку искуствата на неколку европски места, оваа дискусија ќе ги испита економските, социјалните и политичките предизвици со кои се соочуваат, како и нивната улога во виталноста на современата уметничка сцена, се наведува во соопштението. 

„Thorning Point – Форми на колективно дејствување“ е дел од програмата „Европски дијалози во Скопје – Споделени наследства и хоризонти“, организирана од Францускиот институт и Амбасадата на Франција во Македонија.