Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Излетничките места преполни – традиционален излет со скара за Први мај

Градските улици се испразнија, а излетничките места се наполнија. Во весела атмосфера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градските улици се испразнија, а излетничките места се наполнија. Во весела атмосфера со музика, сончево време, мирис на скара и мезе, вака граѓаните го прославуваат 1-ви мај – меѓународниот ден на трудот.

Во излетничките места околу главниот град се бараше место повеќе. Убавото сончево време ги преполни местата околу Матка, Марков манастир, Водно, паркот Сарај и Кучково. Детскиот џагор и доброто расположение не изостанаа и кај младите и кај постарите…

За некого овој ден е како и останатите, за други пак, од година во година значењето на 1 мај се губи, дел од граѓаните велат дека порано имало повеќе за да може да се прошета и се одмарало и два дена, но сега е сосема поинаку.

Реклама

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот.До 2006-тата година во Македонија се празнуваше два дена, на 1 и на 2 мај, од тогаш навака се одбележува само на првиот ден од месецот.

Ања Лукарова