Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка

Изгаснат е пожарот што избувна во саботата на градската депонија во Крива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изгаснат е пожарот што избувна во саботата на градската депонија во Крива Паланка, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски.

Според Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, во текот на претпладневните часови, додека на негово целосно гасење се работело до доцна синоќа.

– Нашите екипи речиси 30 часа активно работеа на целосно гасење на пожарот, со оглед на тоа што станува збор за комунален отпад и се создаваа повеќе жаришта и запаливи гасови, така што, доцна синоќа, околу 22 часот и 30 минути, пожарот е целосно ликвидиран, со тоа што денес во текот на денот се очекува да бидат донесени 50- тина камиони земја од страна на економски оператори од реонот на Крива Паланка, за да се изврши натрупување на потребните делови на самата депонија, изјави Коцевски.

Реклама

Во гасењето на пожарот покрај општинската ТППЕ, се вкчучиле екипи од вработени во јавното претпријатие „Комуналец“, поддршка добиле и од ТППЕ Ранковце, дирекцијата за заштита и спасување, од Општина Крива Паланка, како и од повеќе приватни економски оператори што помогнале со земјен материјал за затрупување.

Екипи на ЈП Комуналец Крива Паланка постојано се на терен и дежураат на локацијата на депонијата.