Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Избори за ректор на УКИМ – ќе се гласа за кандидатите Биљана Ангелова и Дарко Данев

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев.

Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029.

Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од Економскиот институт,  а проф. д-р Дарко Данев е  редовен професор и поранешен декан на Машинскиот факултет на УКИМ. 

Реклама

На веб-страницата на УКИМ минатиот вторник беа објавени  програмите за работа на двајцата кандидати за ректор и нивните биографски и библиографски податоци. 

Право на глас имаат членовите на единиците (факултети и институти) на УКИМ, кои се запишани во Единствениот избирачки список, што го утврди и објави Универзитетската изборна комисија (УИК).

Против предлогот за намалување на платите денеска реагираше и Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оттаму посочуваат дека платите на вработените во адми

Пред денешното гласање, според роковникот на активности, изборните комисии на единиците на УКИМ вчера (ден пред изборите)  го подигнаа изборниот материјал од УИК. 

Резултатите од тајното гласање треба да бидат објавени денеска до вечер, а потоа ќе следува тридневниот рок за приговори по резултатите – од 29 април до 5 мај.

Според временската рамка, предвидени се и термини за евентуално прегласување, заедно со рок за приговори и нивно разгледување, а на 14 мај ќе бидат објавени конечните резултати од изборот на ректор на УКИМ.