Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

Ивановски откри детали за договорите со Обединетото Кралство: Инвестиции во железничката инфраструктура во Македонија

Брза пруга за патнички и товарни возови од Табановце до Гевгелија, модернизирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брза пруга за патнички и товарни возови од Табановце до Гевгелија, модернизирана железничка станица во Скопје, поврзана со аеродромот на метрополата. Ова е проектот кој за пет години целосно треба да ја промени сликата за македонската железница. Стратешкиот договор со Обединетото Кралство отвора потенцијал кој земјава ќе ја бетонира како најдобриот, најбрзиот и најисплатливиот транзитен пат за железнички сообраќај од сите аспекти.

Железничката траса целосно ќе се реконструира, а паралелно со постојната ќе се изгради уште една со што ќе се овозможи сообраќај на патнички возови со брзина од 160, односно товарен до 120 километри на час.

Првиот човек на МЖ Инфраструктура, Ивановски најави дека есенва ќе започне целосна реконструкција на делот на железничката пруга од Драчево до Илинден како и делот од Зелениково до Скопје. Во меѓувреме ќе се реконструира и железничката станица во Скопје.

Реклама

Низ европските метрополи возот и метрото се најкористените превозни средства, кај нас граѓаните скоро и да имаат заборавено дека имаме железнички сообраќај, кој до минатата година скоро и да беше замрен.

Давид Крстевски