Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Ивановски: Новата пруга ќе ја пуштиме во употреба со нови возови и реконструирани железнички станици

Новата брза пруга ќе почне да се гради оваа есен или зима…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата брза пруга ќе почне да се гради оваа есен или зима и ќе биде готова за пет години од почетокот на градежните работи, откри првиот човек на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Тој потенцира дека новата пруга ќе биде пуштена во употреба со нови возови, целосно модернизирана железничка станица во Скопје и реконструирани железнички станици низ цела Македонија.

-Кога имаш чест да склучиш договор за стратешко партнерство со држава како Велика Британија, како држава веќе сме го дигнале стандардот во сите области и ќе си ги следиме британските стандарди и европските стандарди. На таков квалитет на градби, на таков квалитет на проектирање на пруги и сè можно, ние мора тоа да го следиме и со возови, локомотиви кои што ќе ги исполнуваат тие стандарди. За таа цел, другото јавно претпријатие МЖ Транспорт веќе сериозно го работат ова и припремаат полека возен парк, прават припремни истражувања на пазарот, за утре-ден при самото пуштање на пругата, да ја пуштиме со нови возови. Не само со нови возови, да ја пуштиме со целосно реконструирана и модернизирана централна железничка станица во Скопје. Ние ако имаме нова пруга и нови возови, а ја имаме моменталната состојба на станицата, не сме ја завршиле домашната задача. Овој проект мора да биде сведен на високо ниво, со сите реконструирани станици во државата, со огромна безбедност во сообраќајот, рече тој.