Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Ивановски: Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа

Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРМ Инфраструктура и претседател на партиската комисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРМ Инфраструктура и претседател на партиската комисија на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт зборуваше за брзата пруга Табановце-Гевгелија која е инвестиција од околу 2 милијарди евра и реконструкција на постоечката која треба да се трансформира, притоа истакна дека почетокот на сите првични геолошки активности и истражувања ќе биде во септември.

„Оваа брза пруга ќе биде почната во септември меѓутоа ќе бидат почнати оние првични истражувања на теренот гео текстилни, геолошки истражувања да видиме каде можеме да ја скратиме должината на пругата, има многу свиоци по готово делот кај Велес, но првична механизација дека есенва ќе биде или доцна есен ќе биде тоа е точно. Најидеален дел каде да се гради е до постоечката пруга, самото тоа што ќе се гради до постоечката пруга веќе сите проблеми се познати тој пат е трасиран“, вели Ивановски.

Ивановски истакна дека во план на Владата е да се набават брзи возови кои ги задоволуваат европските стандарди и образложи како ќе се движат и на кои станици би застанувале патничките возови.

Реклама

„Брзите возови се одговорност на МЖ транспорт, мора да се набават возови, локомотиви кои ги задоволуваат тие стандардите и тоа е во планот на Владата да се набават тие возови. Пред се постоечката пруга ќе се реконструира целосно, ќе ја искористиме трасата да дојде до 160 км на час и ќе се направи уште една паралелна согласно можности по двете ќе се користи и товарен сообраќај и патнички сообраќај. Ќе видиме согласно проектот што е можно помалку, но во исто време ќе имаме и конектори, Скопје сигурно ќе го поврземе, аеродромот Петровец, сигурно ќе биде во Велес и во Гевгелија, но во втора фаза ќе го пуштиме Кочани спрема Штип до Велес да има како луѓето да доаѓаат до овие централни станици на кои ќе можат да се качуваат за меѓународен сообраќај“, рече Ивановски.

Исто така тој наведе дека се гради по европски стандарди, кои ќе овозможат брз и ефикасен транспорт.

-Се гради по европски стандарди од тоа нема отскокнување. Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт. Нашата позиционираност е тоа како треба да ја искористиме, сега и веднаш да се забетонираме на мапата на карго Европа, ако ние не го направиме тоа, во економијата нема слободен простор, вели Ивановски.