Реклама

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Македонија

Иван Јанковски прв го фати крстот во Македонска Каменица

Со традиционална свеченост и во духот на православната традиција, денеска во Македонска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со традиционална свеченост и во духот на православната традиција, денеска во Македонска Каменица беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Во присуство на голем број верници се одржа осветување на водите на Каменичка Река и спуштање на чесниот крст. Светиот чин го изврши надлежниот архиереј, епископот Делчевско-каменички г. Марко.

Најсреќен меѓу учесниците во традиционалното фрлање по крстот беше Иван Јанковски, кој успеа да го извади чесниот крст од водите на реката. По повод овој чин, градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, лично му го честиташе успехот и во име на општината му подари златник како симбол на почит и признание.

Реклама

-Овој свет чин уште еднаш го покажа нашето заедништво, вера и почит кон традициите што со векови се пренесуваат од генерација на генерација, истакна Стаменкова.

Одбележувањето на Водици во Македонска Каменица и годинава помина во достоинствена атмосфера, со пораки за здравје, благосостојба и духовно единство меѓу граѓаните.

Богојавление – Водици е празник кој го симболизира крштавањето на Исус Христос во реката Јордан и се одбележува со осветување на водите и традиционално фаќање на чесниот крст.