Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Истражување: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, граѓаните препознаваат напредок во борбата против корупцијата

Според најновото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Маркет Вижн“, ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според најновото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Маркет Вижн“, ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски и понатаму уживаат убедливо водство на политичката сцена во Македонија, информираат од партијата. Резултатите од истражувањето, спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 1200 испитаници во периодот од 20 март до 17 април, ја рефлектираат довербата што граѓаните ја имаат во тековната влада и нејзините политики.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Владата посветено работи во интерес на граѓаните, со јасен фокус на борбата против корупцијата – еден од главните приоритети најавени во изборната кампања. Според нив, континуираните акции на полицијата и бројните апсења на осомничени за корупција и криминал ја потврдуваат сериозноста на овие заложби.

Истражувањето покажува дека над 60% од испитаниците ја препознаваат борбата против организираниот криминал како интензивна и континуирана, а како најважен предизвик денес, по долго време, граѓаните го истакнуваат економскиот развој, што според партијата е резултат на напредокот во справувањето со криминалот.

Реклама

Во однос на економските мерки, анкетата покажува дека две третини од граѓаните ја поддржуваат владината политика за замрзнување на маржите на основните производи, а над 40% сметаат дека изборот на производите е соодветен.

Истовремено, резултатите откриваат и висока поддршка за реформи во правосудниот систем: повеќе од 50% од испитаниците бараат промени во Судскиот совет, а 45,7% се изјасниле дека треба да се смени и јавниот обвинител.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека овие резултати се дополнителен мотив и обврска за продолжување на реформите во правосудството, зацврстување на борбата против криминалот и корупцијата, економска стабилност и подобрување на животниот стандард на сите граѓани.