Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Истрагата за несреќата во Кочани се проширува, полициски службеници поврзани со издавање согласности за функционирање на дискотеката се ставени во притвор

Истрагата за трагичната несреќа во дискотеката во Кочани, во која животот го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за трагичната несреќа во дискотеката во Кочани, во која животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа тешко повредени, се проширува и вклучува вкупно 26 осомничени. Седум службени лица од СВР Штип и ПСОН Кочани се осомничени за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со издавањето согласности за функционирање на дискотеката.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека бројот на осомничени не е конечен и дека истрагата ќе продолжи да опфаќа нови лица, доколку се утврди дека нечиј постапокувачки или непостапувачки чекор придонел за извршување на кривично дело.

Тошковски информираше дека во истрагата се вклучени голем број експерти и од Обвинителството и од МВР, а разгледувањето на документацијата е во тек. Според обвинението, службени лица од СВР Штип и ПСОН Кочани се осомничени дека како соизвршители, одобриле позитивна согласност за издавање на лиценца за угостителска дејност за дискотеката „Пулс“, иако објектот не ги исполнувал законските услови.

Реклама

Основниот суд во Кочани одлучи да го продолжи притворот за сите 16 лица досега осомничени во случајот, додека двајца нови осомничени добија притвор во текот на вчерашниот ден. Мерката краткотраен притвор е побарана за вкупно 18 лица.

Полицијата продолжи со претреси, вклучувајќи ги општина Кочани и Министерството за економија, каде беа одземени документи, техничка опрема, оружје и муниција. Претреси беа извршени и кај управителот и одговорното лице на дискотеката.

Во трагичниот пожар што се случи во неделата рано наутро во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 лица, а над 170 беа повредени. Според последните информации од Министерството за здравство, 64 пациенти се во стабилна состојба и се лекуваат во јавни здравствени установи во земјата, 13 во приватни здравствени установи, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.