Реклама

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Македонија

Истрага против лице од Чучер Сандево за нелегално оружје и закани кон семејството

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, казниво по член 396 став 5 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик. 

Според Обвинителството, осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, неовластено држел автомат STEN MKII кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум муниција со калибар 9 мм Para соодветна за испалување од тоа автоматско оружје.

-Оружјето и муницијата биле пронајдени во домот на осомничениот, откако неговата сопруга  за тоа ги известила полициските службеници кои дошле во домот по пријава дека осомничениот и се заканувал нејзе и на нивните две ќерки родени 2006 и 2010 година дека ќе ги убие. Најпрво закани упатувал кон жената дека ќе ја запали, а потоа ја искршил покуќнината и со нож им се заканил и на ќерките. Поради ваквите дејствија со кои предизвикал чувство на загрозување и страв кај оштетените, тој е осомничен и за кривично дело – загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Реклама

Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.