Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Историски најдобар оперативен план

„Реалните мерки и проекти даваат долгорочни резултати за подобар и поквалитетен живот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Реалните мерки и проекти даваат долгорочни резултати за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани. Владата преку Оперативниот план за вработување на 2025 година нуди стекнување на практични вештини за 1.352 млади до 29 години, а предуслов е лицата да имаат завршено минимум средно образование.

Оваа е одлична можност младите лица до 29 години да се стекнат со практична работа и искуство со што ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд кои подоцна истите ќе добијат шанса за вработување, додека пак стопанството ќе добие соодветен кадар.

Воедно, Оперативниот план предвидува и младинскиот додаток за 3.500 млади до 23 години во вредност од 3.000 денари месечно по вработено лице кои ќе засноваат работен однос или се вработени во дејностите од областа на производството. Целта на оваа мерка е зајакнување на капацитетите на стопанството како и поттикнување на ангажирање на младите лица до 23 години за вработување во дејностите на производството.

Реклама

Граѓаните го добија историски најдобриот оперативен план за вработување за 2025 година вреден 40 милиони евра кој опфаќа над 16.000 граѓани во кој се вклучени млади, невработени лица и лица од социјално ранливите категории.

За раст, развој и економски просперитет потребни се добро креирани и платени работни места кои ќе значат подобар животен стандард за сите граѓани подеднакво.

Со ова покажуваме дека Македонија може и мора да се менува на подобро. Владата продолжува да го исполнува она коешто го вети и се обврза. Државата е на патот на промените“. Велат во соопштението од Владата на Македонија.