Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Историски ден – потпишување  на договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Потпишан договорот на македонската Влада со Владата во Лондон. Парав ставија вицепремиерот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпишан договорот на македонската Влада со Владата во Лондон. Парав ставија вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Томас Гарет, министер за економија и трговија. Ова е историски ден за односите помеѓу двете држави, велат од македонската влада. Покрај финансиската рамка која се става на располагање од шест милијарди евра, она што е особено значајно за  Македонија е дека добиваме можност за користење британска експертиза.

„Ова стратешко партнерство со Обединетото Кралство го гледаме како чекор кој ќе ја доведе Македонија на едно ново ниво. Денеска потпишуваме договор за развојни инфраструктурни проекти во транспортот, образованието, животната средина, ИТ секторот и здравството. Благодарни сме што британската влада преку својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање постави рамка од 5 милијарди фунти – најголемата економска рамка во македонската историја“, изјави Николоски.

Во првиот циклус се очекува да бидат искористени околу 2.2 милијарди евра, односно три сета на проекти, едниот е брзата пруга на коридор 10 од Табановце до Гевгелија, вториот е изградба и реконструкција на болници во Кичево, Тетово и Штип и третиот е изградба на медициски факултет заедно со студенски дом во Штип.

Реклама

Македонија и Велика Британија имаат силни билатерални односи во рамки на сојузништвото во НАТО, порача министерот Гарет. Овој договор претставува значаен чекор во економската соработка помеѓу двете држави.

Според досега познатите информации ќе станува збор за проектно финансирање. Македонија може, и немора да ги искористи сите 6 милијарди кои ги добива на располагање со овој договор.

Според најавите од вицепремиерот претходно, условите за начинот на финансирање ќе се прецизираат откако договорот ќе добие зелено светло од народните избраници во собранието во Македонија и ќе биде усвоен во Британската влада.

Договорот Влада со Влада е резултат на постигнатата спогодба за  стратешкото партнерство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.