Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Економија

Истекува рокот за проверка и потврда на ГДП пријавите за остварените приходи за 2024 година

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на годишната даночна пријава за 2024 година истекува утре 31 мај 2025 година.

Со оглед на тоа што редовниот рок за потврдување или корекција на ГДП пријавата е во неработен ден, краен рок за потврда или корекција на остварените приходи за минатата година ќе се смета 2 јуни 2025 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2024 година треба најдоцна до 2 јуни 2025 година – понеделник да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни услуги“ и да ги потврдат или коригираат доколку има потреба.

По овој рок сите пријави кои се непотврдени ќе се сметаат за конечни, додека коригираните ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи. Кај даночните обврзници каде постои обврска за доплата на данок, ќе биде издаден налог за доплата, додека оние со повеќе платен данок можат да побараат враќање на средствата.

Реклама

Управата за јавни приходи во законскиот рок заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2024 година. Изгенерирани се вкупно 841.671 даночна пријава за 2024 година, што претставува раст од 6%, односно 47.947 повеќе даночни пријави споредено со 2023 година, кога беа генерирани 793.724 пријави.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на [email protected] или на телефонските броеви 02 3253 200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).