Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Истече владината мерка за ограничување на цените и маржите – можно продолжување ако има злоупотреби

Денеска истекува владината мерка за ограничување на бруто профитната маржа и највисоките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска истекува владината мерка за ограничување на бруто профитната маржа и највисоките цени на основните прехранбени производи, воведена пред верските празници Рамазан и Велигден. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе се анализираат крајните резултати, по што ќе се донесе одлука дали мерката ќе продолжи или ќе следуваат нови чекори.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, порача дека ќе следуваат поригорозни мерки доколку се утврдат злоупотреби или енормно зголемување на цените по завршувањето на мерката. Според него, ограничувањето на маржите до 10 отсто дало позитивни резултати, што се потврдува и од податоците на Државниот завод за статистика.

„Во март имавме инфлација од 2,7 отсто, а во делот на храна и пијалаци е забележана дефлација од 1,3 отсто споредено со февруари. И податоците за овој месец покажуваат пад на цените. Ќе бидеме на терен со Државниот пазарен инспекторат и ќе реагираме ако се утврдат злоупотреби“, изјави Дурмиши.

Реклама

Тој најави дека, ако трговците не се придржуваат до законските регулативи, ќе се прошири листата на производи опфатени со ограничување на маржите, која моментално опфаќа 102 групи на прехранбени и непрехранбени артикли.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, вчера изјави дека резултатите од досегашната примена на мерката се позитивни, но дека ќе се почекаат официјалните крајни податоци што ќе бидат готови наредната недела.

„Ако има потреба, мерката ќе продолжи. Ако нема, тогаш пазарната економија ќе ги диктира цените. Се надевам дека сите учесници во трговскиот синџир научија дека интересот на граѓаните и заштитата на животниот стандард мора да бидат приоритет“, рече Ристески.

Од 20 март, мерката предвидуваше ограничување на маржите за 102 производни групи и утврдување на највисоки цени за осум основни прехранбени производи. Дополнително, со измените на Законот за заштита на потрошувачите, трговците на мало се обврзани да ги објавуваат и дневно да ги ажурираат цените на своите веб-страници.

Организацијата на потрошувачи на Македонија предложи создавање алатка за споредба на цени, а од Министерството велат дека ќе се анализира ефектот од новата обврска за транспарентност во текот на следниот месец и не ја исклучуваат можноста за создавање централна веб-страница за проверка на цени.

Во тек е и подготовката на нова просечна потрошувачка кошничка. Министерот Дурмиши најави дека се финализира драфт-верзијата која ќе опфати точни информации за трошењето на производи според бројот на членови во семејството, со цени собрани од повеќе трговци.

„Работната група работи веќе два месеца. Очекуваме наредниот месец да ја финализираме кошничката, која потоа ќе биде разгледана од Владата и социјалните партнери, по што ќе биде јавно достапна“, изјави Дурмиши.