Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Економија

„Исплативме над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за земјоделците, стимулираме повисоки откупни цени“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски зборувајќи за состојбите во земјоделството истакна дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски зборувајќи за состојбите во земјоделството истакна дека оваа година се исплатени над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции кон земјоделците.

„Ние оваа година исплативме над 9 милијарди денари. Плаќавме долгови од 2021, 2022, 2023 година. Плати три месеци доцнеа во АД Водостопанство што е суштински важно за наводнувањето. Луѓето ако немаат плати, ниту ги чистат каналите, ниту па се грижат за системот за наводнување. Калиманци празно. Калиманци наводнува од Каменичко Поле преку Кочанско поле, па се до Лозово. Празно беше Калиманци. Фала му на Бога имаше сега дождови, па негде 75-80% ќе тера. Струмичка турија исто празна“, истакна Мицкоски и додаде:

„Со правилно планирање обезбедивме доволни количини за да има убава сезона и за оризопроизводителите и за раноградинарските производи и за овоштарите.“

Реклама

Што се однесува до откупните цени Мицкоски потенцираше дека за разлика од минатото кога владата се договараше со откупувачите и им дозволуваше монопол оваа Влада не се додвара со откупувачите и ги притиска истите да им дадат повисоки цени на земјоделците.

„Ако забележите една работа којашто е многу важна ќе видите дека импутот е 5 пати помал од аутпутот и тоа го објавува Завод за статистика, јас ги следам тие параметри бидејќи ми се многу важни да знаеме што правиме. Тоа е важно бидејќи во аутпутот порано, ќе се договорат со откупувачите, нема да ги притискаат откупувачите, откупувачите ќе си направат своевиден монопол и ќе им понудат на земјоделците, таа е цената, ако сакаш, ако не нека ти скапува на нивата. Е ние сега обратно правиме. Ние не се договараме со откупувачите и ги притискаме за повисока цена да им дадат на земјоделците. Затоа ми се битни импутот и аутпутот. Импутот се трошоците коишто учествуваат во производниот систем на земјоделецот, а аутпутот е цената по којашто тие го продаваат производот. Според последните параметри импутот беше зголемен некаде за 2%, а аутпутот за 11% што е повеќе од 5 пати“, нагласи Мицкоски.