Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Откажано денешното рочиште на кое Палевски требаше да продолжи да сведочи

Откажано е денешното рочиште на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска…

Сподели:

Откажано е денешното рочиште на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, требаше да продолжи да одговара на прашања. Адвокатот Страшевски го известил судот дека не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини. Поради тоа судот ги отповикал наредбите за спровод од затвор на обвинетите Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Борe Видевски, како и на Александар Ѓорчевски од куќен притвор. Судијата Ивица Стефановски, кој го суди предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, закажа две нови рочишта. До Кривичен суд, била доставена документација од Страшевски во која се наведува дека тој не може да присуствува поради здравствен проблем кој вчера му бил дијагностициран. Судијата рече дека ова е прво одлагање и дека судот ќе има разбирање, но нема да дозволи да се повтори. „Доколку се случи уште еднаш вакво нешто, ќе поставам бранител по службена должност“, рече судијата Стефановски. Адвокатот на Борe Видевски побара разбирање за колегата Страшевски, оти било прво одлагање заради ваква причина.