Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Иселувањето си го зема својот данок – во Штип 50 ученици помалку во второто полугодие

Со педесет ученици помалку започна второто полугодие во Штип. Толкав е бројот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со педесет ученици помалку започна второто полугодие во Штип. Толкав е бројот на исписници кои ги зеле родителите и најавиле дека со своите семејства се иселуваат од Македонија. Поголем дел од учениците, кои ќе продолжат да се образуваат во странство се средношколци, а најголемиот дел од нив, ќе посетуваат училишта во Германија. Бројката е загрижувачка и сериозно алармира за масовното иселување на младите од државата.

   „Бројките покажуваат дека тоа не е мал број на деца од средните и основните училишта во градот. Во средните училишта имаме 26 ученика коишто пријавиле дека заминуваат, а во основните 24 ученика. На ниво на општина тоа се вкупно 50деца кои веќе нема да посетуваат настава„изјави Снежана Санева од Општина Штип

Неизвесен е статусот за  уште 25 ученици во основното училиште „Гоце Делчев„. За нив родителите не побарале исписници за трајно испишување, па општинските служби се надеваат дека овие ученици повторно ќе се вратат и учебната година ќе ја завршат во родниот град. Санева изјави дека 20-30 отсто од учениците не се испишуваат трајно, туку повторно се враќаат на училиште, зашто родителите одат во странство на по еден месец па се враќаат.

Реклама

   „Се уште таму родителите не образложиле зошто децата не посетуваат настава. Таа бројка е околу 25ученика, но се надеваме дека во ова полугодие тие ќе продолжат со наставата, ќе се вратат во училишните клупи и редоно ќе ја завршат учебната година „ изјави Снежана Санева од Општина Штип.

Трендот на отпишување на основци и средношколци во Штип заради заминување на цели семејства во странство почна да расте од 2018година, а само минатата година штипските училишта останаа без речиси 100 деца. 

Александра Ристевска