Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Иселениците продолжуваат со донации за дебарската болница

Дебарските иселеници продолжуваат со донации за Општата болница со проширена дејност во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебарските иселеници продолжуваат со донации за Општата болница со проширена дејност во Дебар, која со својата дејност ја покрива и општина Центар Жупа, а при итни случаи и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше.

Последователна донација е EХO апарат (Ултразвук), за амбуланта за ендокринологија, во вредност од 35.400 евра, од дебарската асоцијација во САД „Dibra Community Center“.

Директорот на болницата Мерсим Колеци, на средба со претставниците на ова здружение, Баудин Чанка и Рефик Косоврасти, остварена во болницата во Дебар, изрази голема благодарност од свое, од име на вработените и од граѓаните за поддршката и посветеноста за здравствената заштита во родниот крај.

Реклама

-Овој хуман гест претставува вредна помош за подобрување на медицинските услуги и грижата за нашите пациенти. Во знак на почит, им доделивме благодарница, за се што прават за обезбедувањето на потребната опрема, со цел поквалитетна и навремена здравствена заштита. Во оваа пригода, би сакал јавно да им се заблагодарам и на иницијаторите кои го започнаа и завршија овој проект, Ќани Фида и Омер Кадри, информираше Колеци.

Додава дека деновиве остварил средба и со Азир Сејдовски, сограѓанин од Дебар, кој живее во Германија, кому му се заглагодарил за досегашните донации и придонесот што го дава за оваа здравствена установа.

-Нашиот сограѓанин, Сејдоски, неколкупати придонел за нашата болница, а сега донираше клима-уред за детското одделение а го уреди и катчето каде дечињата, кои се хоспитализирани, си играат. Исто така има донирано 10 апарати за кислород. Неговото внимание кон татковината не е изгубено во ниту еден момент, наведува Колеци.

Болницата во неколку наврати донации има добиено и од други иселеници, меѓу кои и Сафет Алили, од долнореканското село Присојница а живее во Луксембург, која покрај другото се состоеше од автоматски болнички кревети за лица со хендикеп, инвалидски колички, ролатори, помагала за движење, туш столици.