Исчезната е Лидија Велковска Бојчевска од Скопје. Жената има деменција, а нејзиното семејство во вторникот објави апел за помош при наоѓање на нивната најблиска.
Според информациите, жената последен пат била видена во вторникот околу 15:15 часот во дворот на училиштето „Петар Поп Арсов“. Од тој момент се губи секаква трага.
Семејството во објава на Фејсбук наведува дека во моментот на исчезнувањето Лидија била облечена во розови тренерки и блуза со црно-бели линии.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:
