Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Инженерската институција со Повик за избор на млад инженер на годината

Инженерската институција на Македонија, по втор пат, годинава избира Млад инженер на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инженерската институција на Македонија, по втор пат, годинава избира Млад инженер на годината. На повикот којшто ќе трае до 8 февруари може да се пријават сите млади инженери до 35 години, вклучувајќи ги и оние со 35 години. 

Освен возраста, новиот Млад инженер на годината ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите, креативноста и иновативноста, споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.

Наградата е платено учество на Европската конференција на млади инженери, а од пријавените кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани пет лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив ќе се избере победникот. Комисијата брои најмалку 23 члена и е составена од претставници на Клубот на млади инженери, Клубот на носители на инженерски прстен, медиуми, студенти, професори, соработници на ИМИ, претставници од компании-партнери на ИМИ и јавни личности.

Реклама

Сите заинтересирани може да конкурираат на следниот линк https://forms.gle/Ns6BC7R7Wsemkd2g8.

Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери, а целта е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерската професија.

Свеченото прогласување е закажано за март годинава по повод Денот на македонските инженери. Минатата година со ова признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Тој го доби признанието за професионални достигнувања во изминатата година.  На конкурсот во 2025 година беа пријавени 52 кандидати, а Попоски беше избран анонимно од жири составено од 47 претставници од медиумите, компании, академската заедница и јавниот живот.

Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.