Реклама
Економија

Инвестициски бум од 2 милијарди евра – По реконструкцијата на Коридорот 10, патничките возови со 160 километри на час

Градежен бум од две милијарди евра. Премиерот Мицкоски најавува офанзива во изградбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежен бум од две милијарди евра. Премиерот Мицкоски најавува офанзива во изградбата на повеќе крупни инфратсруктурни проекти. Најголемиот меѓу нив е брзата железница долж Коридорот 10 за која наскоро ќе се обзнани финансиската конструкција. Договорот за ова ќе биде билатерален со држава партнер. Откако ќе се изгради пругата од Табановце до Гевгелија, времето за патување драстично ќе се скрати. Патничките возови би требало да сообраќаат со 160 километри на час, а карго превозот со 110 километри на час. Премиерот очекува поголемата брзина на железничкиот транспорт да резултира со зголемен интерес на бизнисот за превоз на стоки во и надвор од земјава.

„Откако тоа ќе се заврши граѓаните ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 км/ч во просек, а карго возовите во просек ќе возат 110 км/ч, што значи најмалку четири пати повеќе од сегашниот просек. Со тоа очекуваме не само зголемена брзина на карго превозот, туку очекуваме и зголемен интерес за повеќе по бројност на композиции. Во нето износ тоа да биде најмалку 10 пати повеќе од тоа што денеска е и крајната цел е годишниот приход на Македонски Железници да достигне помеѓу 100-120 милиони евра“ – истакна Мицкоски.

Интензивно се работи и на реализација на инвестициите во здравството и енергетиката. Како дел од проектите кои се приоритет Мицкоски ги посочи Клиничката болница во Штип, зградата на Медицинскиот факултет, студентски дом, болницата во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово. Во енергетиката, пак, интензивно се разговара за тоа на кој начин конечно да се реализира проектот Чебрен и Галиште.

Реклама

Интензивно се гради и патната инфраструктура долж Коридорите 8 и 10. Експропријацијата на имотите забрзала за неколку пати, па се отворил фронт за за градење во должина од 68 километри низ државава. Неодамна стартуваа градежните работи на делницата Тетово – Гостивар, а во моментов се одвиваат градежни активности на 4 автопати. Од Владата претходно информираа дека заедно со локалните проекти ќе се гради на над 1200 локации на територијата на државата.