Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Интензивирањето на меѓупарламентарната соработка со Швајцарија во фокус на работната посета на собраниската делегација во Берн

Интензивирањето на меѓупарламентарната соработка, размената на искуства и континуираната швајцарска поддршка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивирањето на меѓупарламентарната соработка, размената на искуства и континуираната швајцарска поддршка за реформските и демократските процеси во земјава беа во фокусот на разговорите за време на работната посета на собраниска делегација предводена од претседателот Африм Гаши во Швајцарската Конфедерација.

Како што соопштуваат од Собранието, во рамки на работната посета на Берн, Швајцарска Конфедерација, претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, заедно со парламентарната делегација, оствари средби со претседателот на Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација, Пјер-Андре Паж, како и со раководството на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

– На средбата со претседателот Паж беше изразено заедничко задоволство од одличните и пријателски билатерални односи меѓу двете земји, како и подготвеност за нивно натамошно унапредување. Соговорниците ја истакнаа важноста од интензивирање на меѓупарламентарната соработка преку размена на искуства, идеи и добри практики, со цел зајакнување на парламентарните капацитети и демократските процеси. Претседателот Гаши ја нагласи значајната и континуирана поддршка што Швајцарија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во реформските и евроинтегративните процеси – стои во соопштението од Собранието.

Реклама

На средбата со раководството на SDC, на која од швајцарска страна присуствуваа амбасадорот Кристијан Фрутигер, помошник-генералниот директор и раководител на Одделот за тематска соработка, и Северин Донет-Дескарт, раководител на Секторот за Источна Европа, како што дополнуваат, била потенцирана долгогодишната и значајна швајцарска поддршка за демократскиот развој, институционалното јакнење и реформските процеси во Македонија.

– Посебен акцент во разговорите беше ставен на Програмата за парламентарна поддршка (PSP), имплементиран од НДИ, која беше оценета како исклучително важен сегмент од стратешкото партнерство меѓу Собранието и Швајцарската Конфедерација. Истакнат беше придонесот на програмата во развојот на Парламентарниот институт, зајакнувањето на административните и истражувачките капацитети, унапредувањето на транспарентноста и отчетноста на Собранието, како и поддршката на процесите на дигитализација и модернизација на парламентарното работење – дополнуваат оттаму.

Соговорниците ја потврдиле заедничката подготвеност за натамошно продлабочување на соработката и продолжување на партнерството во насока на зајакнување на демократските стандарди и институционалните капацитети.