Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Институтот за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон за заштита од пушењето

Институтот за медицина на трудот на Македонија, СЗО колаборативен центар, како водечка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за медицина на трудот на Македонија, СЗО колаборативен центар, како водечка јавноздравствена установа во оваа област изразува целосна и недвосмислена поддршка на предлог-законот за заштита од пушењето. 

Предложениот закон, кој предвидува целосна забрана за пушење во сите затворени јавни и работни простории, не е рестриктивна мерка, туку основен здравствен стандард и човеково право. Секој работник има неприкосновено право на чист воздух и работно место што не го загрозува неговото долгорочно здравје.

Нагласуваме дека работниците во угостителскиот сектор се меѓу најранливите групи. Овие вработени често се изложени на високи концентрации на тутунски чад во текот на целото работно време, кое често надминува 8 часа дневно. За овие работници, пасивното пушење не е избор, туку претставува сериозен здравствен ризик, кој потекнува од нивното работно место.

Реклама

Научните докази се јасни: не постои безбедно ниво на изложеност на чад или аеросоли од тутунски и никотински производи. Пасивното пушење е докажана причина за сериозни респираторни и кардиоваскуларни заболувања, вклучувајќи го и ракот на белите дробови, дури и кај непушачите. Наша должност како јавноздравствена установа е да обезбедиме ниедно лице да не биде колатерална штета на туѓа навика додека ги извршува своите професионални обврски.

Затоа Институтот ги повикува:

·         работодавачите, особено во угостителството, да ја поддржат примената на законот како мерка за безбедност при работа, а не како казна;

·         работниците да го препознаат правото на чист воздух како дел од правото на безбедно работно место;

·         инспекциските и надлежните органи да обезбедат доследна примена затоа што само така законот ќе ја исполни својата цел.

Со спроведувањето на овие мерки не само што ги штитиме поединците туку ја зајакнуваме и нашата економија преку намалување на боледувањата и продолжување на животниот век на нашата работна сила.

Институтот за медицина на трудот на РСМ цврсто стои зад овој закон. Јавното здравје и безбедноста на нашите работници мора секогаш да имаат предност пред комерцијалните интереси. Повикуваме на поддршка од сите фактори за оваа транзиција кон почиста, поздрава и попродуктивна работна средина за сите работници во нашата земја.