Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за предлог-законот за високото образование

Институтит за македонски јазик доставил забелешки за предлог-законот за високото образование, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтит за македонски јазик доставил забелешки за предлог-законот за високото образование, кои биле утврдени на состанокот на научниот кадар. Директорката Елена Јованова-Грујовска изјави дека побарале да нема интервенција откога беше спомнато дека може да се намали бројот на студиски програми на кои се запишани од двајца до пет студенти. 

– Во ера на глобализација многу е битно да останат студиите од прв, втор и трет циклус на македонски јазик затоа што ако во Македонија не се изучуваат, каде да бараме да се изучуваат на друго место. Потоа побаравме изедначување на критериумите за одење во следните звања. Институтот вработи солиден број кадри во минтатите четири години и сега треба да им се овозможи релаксирано да докторираат и да го добијат првото звање. Изедначувањето го побаравме затоа што за сите други преку едно звање почнува да им важи новиот закон. Ние посакавме и за нашите млади соработници да важи, конкретно од вонреден професор или од виш научен соработник да важи – изјави Јованова-Грујовска.

Како и нивните колеги од Институтот за македонска литература, рече таа, побарале да се вреднуваат и нашите списанија кога се работи за критериумот за објавување трудови.

Реклама

– На кој јазик ние треба да твориме и да објавуваме? Со објавување на англиски јазик во елитни списанија со импакт-фактор не се негува македонскиот јазик. Нам ни треба објавување на мајчин јазик, конкретно на македонски јазик во нашите реномирани списанија, но и на сите други словенски јазици – рече директорката на Институтот „Крсте Мисирков“, кој денеска беше домаќин на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 Февруари. 

За привлекување студенти на катедрите, посочи на стипендиите што почна да ги доделува МОН за изучување на македонскиот јазик на прв, втор и на трет циклус на студии.

– Имаме запишано магистранди и докторанди, на кои државата ќе им ги покрие целосно магистерските и докторските студии. Ние сме секогаш отворени, нашите постдипломци и докторанди бесплатно ја добиваат целата наша литература – рече Јованова-Грујовска. 

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, таа рече дека најголем предизвик денес за македонскиот јазик е влијанието од доминантните странски јазици и од латиницата.

– Тоа се двата големи предизвика, тука треба да бидеме единствени  дека е убаво целата комуникација да се одвива на македонски јазик, таа да биде модерна и прифатена меѓу младите, што повеќе македонски зборови да се користат и да се пишуваат македонски реченици, без влијание од туѓите јазици и, се разбира, на кирилица – порача директорката на Институтот за македонски јазик.