Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Институциите со заедничка декларација: Засилен одговор против насилството кај младите

Превенцијата на насилството кај младите бара координиран, системски и заеднички одговор од сите институции и општествени чинители – порача денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани на потпишувањето на декларацијата за намери за превенција на насилството кај младите во рамките на националната работна група. – Насилството кај младите не е проблем на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Превенцијата на насилството кај младите бара координиран, системски и заеднички одговор од сите институции и општествени чинители – порача денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани на потпишувањето на декларацијата за намери за превенција на насилството кај младите во рамките на националната работна група.

– Насилството кај младите не е проблем на една институција, туку предизвик за целото општество и затоа нашиот одговор мора да биде заеднички, координиран и одлучен – истакна Лимани нагласувајќи дека потпишувањето на декларацијата претставува обврска за создавање безбедна средина за младите.

Тој потенцира дека младите треба да имаат активна улога во креирањето на политиките, а институциите да обезбедат системска поддршка, вклучително и во образованието, менталното здравје и дигиталната безбедност.

Реклама

Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека клучниот фокус на институциите мора да биде ставен на превентивните мерки и унапредување на училишните механизми за справување со врсничкото насилство.

– Нашата задача е насилството да го сведеме на најниско можно ниво преку јакнење на превенцијата и создавање безбедна училишна средина – истакна Јаневска и информира дека се воведени законски обврски за училиштата да планираат активности за заштита на учениците, зајакнати се стручните служби и дека повторно се воведени дежурства на наставниците како дел од мерките за подобрен надзор и навремено реагирање.

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пак, врсничкото насилство бара сериозен институционален одговор и нагласи дека полицијата веќе е поинтензивно присутна на терен.

– Врсничкото насилство бара сериозен одговор од повеќе институции. Станува збор за појава што зема замав и мораме да одговориме со заеднички сили – потенцира Тошковски додавајќи дека полицијата е во постојана комуникација со училиштата и има засилено присуство меѓу учениците.

Тој посочи дека институциите мора да дадат заеднички одговор за да се постигнат подобри резултати во иднина.

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, ја истакна важноста од партнерството меѓу институциите и меѓународната заедница во насока на превенција на насилството и создавање побезбедна средина за младите.

Тој го поздрави силниот ангажман на надлежните министри и го оцени денешното потпишување на декларацијата како прв чекор, кој мора да биде проследен со решителна акција.

– Најважно е младите да бидат слушнати, да имаат глас и да живеат во средина без страв и насилство – нагласи Вал додавајќи дека Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да го поддржува процесот.

Настанот се одржа во рамките на националната работна група за превенција на насилство кај младите, која претставува прв национален механизам посветен исклучиво на ова прашање. Работната група е воспоставена од Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со вклученост на институциите, органите за спроведување на законот, како и граѓанскиот и младинскиот сектор.

Со нејзиното формирање се овозможува платформа за координација и дијалог, со цел системско справување со насилството кај младите преку мапирање ризици, идентификација на приоритети и следење на спроведувањето на мерките.

Работната група има цел да ги зајакне институционалните капацитети и да обезбеди сеопфатен пристап во превенцијата, со активно учество на младите во процесите на одлучување и креирање политики поврзани со нивната безбедност.