Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Економија

Инспектори проверуваат дали цените од веб-страниците се исти со тие по кои производите се продаваат во маркетите

Прво опомени, а потоа казни за трговците кои нема да ги објават…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво опомени, а потоа казни за трговците кои нема да ги објават јавно цените на производите на нивните интернет страници. Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски вели дека ќе направат анализи и до петок ќе имаат сублимат дали и кој ја испочитувал законската обврска или не. Пазарните инспектори се на терен и вршат контроли, односно вршат споредба дали цените на интернет страниците се исти со оние на продажните места. Целта е да се покрие целата територија на Македонија и да се изврши надзор врз работењето на трговците.

„Формирани се 10 тимови на цела територија. Има двајца до тројца во тимот зависно од одлуката на раководителот. Целта е трговците да увидат дека ги контролираме и да ја почитуваат законската обврска. Големите маркети генерално ја имаат исполнето обврската, но треба уште некои работи да ги доуредат. Во овие први неколку дена има некои нејасностии, забелешки и ние дадовме насоки како да постапуваат“ – рече Влатко Стојкоски, директор на Државен пазарен инспекторат.

Од минатиот петок, трговците, односно маркетите, аптеките, салоните за бела техника задолжително мораа на веб страниците да ги објавуваат сите детали околу производите кои ги продаваат. Тоа вклучува не само објава на редовните продажни цени, туку и информирање за разните попусти, промоции и викенд акции. Законската обврска не важи само за микротрговците односно оние кои имаат до 10 вработени.  Продавниците ќе мора да ги објавуваат цените на дневна основа, односно секој работен ден до 10 часот.

Реклама

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија  им сугерираа на надлежните да се направи,  посебен веб сајт  каде што на едно место ќе можат да се најдат цените од сите маркети, за полесно да се направи споредба. Надлежните апелираат доколку граѓаните забележат дека на веб страницата не е поставена цена или е поставена, ама не е иста со продажниот објект  каде што се купува, да го пријават случајот во Пазарниот Инспекторат. Казните за непочитување на законските обврски изнесуваат од 1.000 до 10.000 евра.