Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Инспектор на ДЗС сведочи за „Пулс“: Имаше хидрант, ама празен и само два ПП-апарати, а помошната врата заклучена

Недостиг на основни противпожарни апарати, празен хидрант, заклучена помошна врата и отсуство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недостиг на основни противпожарни апарати, празен хидрант, заклучена помошна врата и отсуство на систем за пријавување пожар констатирала увидната екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Ова го истакна инспектор на ДЗС од подрачното одделение во Виница, кој денеска сведочеше на судското рочиште, посочувајќи дека до моментот на несреќата, Општина Кочани повеќе од една деценија немала вработено инспектор за заштита и спасување. 

На прашања на обвинителството за тоа дали претходно биле преземени инспекциски дејствија во објектот, сведокот појасни дека неговите надлежности се врзани исклучиво за територијата на општина Виница. За вонреден надзор во друга општина, како што посочи, неопходен е писмен налог од директорот, заменик-директорот или генералниот инспектор. Тој нагласи дека во Кочани долго време постоел проблем со кадарот, за што било запознаено и раководството на Дирекцијата.

– Претходниот колега Благој Јанев е во пензија, истиот е пензиониран од 2012 или 2013 година. Откако лицето е во пензија во Кочани нема инспектор за заштита и спасување … До моментот на настанување на пожарот во подрачното одделение во Кочани, колку што знам нема вработено лице инспектор за заштита и спасување, посочи сведокот.

Реклама

По пожарот, тој бил повикан да биде дел од увидната екипа заедно со колеги од Пробиштип, Струмица и Берово. Сведочејќи за затекнатата состојба во опожарениот објект, инспекторот посочи на сериозни пропусти во основните безбедносни стандарди. 

– Болно малку е ова, црни саги и уште што немаше на влезот, меѓутоа кога влеговме внатре имаше само два ПП апарати, што е недоволно, празен хидрант, нема вода, нема црево, нема млазници, нема систем за јавување за пожар, и најболната работа, задната врата заклучена од внатрешната страна немаше квака, а плус тоа во заклучена со катанец, зборувам за помошниот излез. Ова се примети безразлика што пожарникарите веќе ја имаа скршено за да можат да влегуваат, посочи сведокот.

Дополнително, инспекторот на ДЗС појасни дека помошната врата, која се наоѓала од левата страна на бината, била многу тесна, без панично светло и од надворешната страна запечатена со стиропор. Според неговиот исказ, и надворешноста на објектот не овозможувала соодветна интервенција на спасувачките служби.

– Направена е обилка, приметено е дека од женското веце имаше железни решетки од надвор, додека на излезот од таа задна врата имаше зелена површина која беше како брег и заградена со ограда, каде не може да пристапи брза помош, ниту пожарна, рече инспекторот на ДЗС.

Во однос на природата на пожарот, инспекторот наведе дека градежните материјали во објектот придонеле за негово катастрофално и брзо ширење. – Она што се виде и од социјалните мрежи, се работи за пожар со отворен пламен којшто брзо се шири поради облогата со стиропор и се материјали кои што се лесно запаливи, рече сведокот.

Одговарајќи на прашањето дали ДЗС требало да дозволи овој објект да работи со оглед на констатираните недостатоци, тој  истакна дека инспекциските служби имаат овластување да го забранат користењето на објектот, доколку утврдат дека постои опасност по безбедноста.

– Поради што нема услови за ефикасна интервенција на тимовите за противпожарна заштита и брза помош, инспекторот може и да забрани објектот да не се користи или дел од него, рече сведокот.

Заклучи дека секој инвеститор е должен да изработи плански документи и елаборат за заштита од пожари кои мора да бидат доставени до ДЗС, при што Дирекцијата е должна да даде согласност или забелешки. Според законските одредби, во отсуство на овие плански документи и опрема, на правниот субјект му се даваат рокови за нивно обезбедување или му се издава прекршочен платен налог.