Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Инфлацијата се стабилизира, економијата оди во нагорна линија – премиерот најавува сериозни стапки на раст во наредните години

Трошоците на живот за еден месец се намалиле за 0.2%, а за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трошоците на живот за еден месец се намалиле за 0.2%, а за една година се зголемиле за 4.5%.

Најновите податоци на Државната статистика кои се однесуваат на октомври покажуваат дека инфлацијата постепено се стабилизира, а релативно високиот годишен процент се должи пред се на ланските мерки односно есенската потрошувачка кошничка кога маржите за голем дел од производите беа замрзнати.

Премиерот сепак е уверен дека до крајот на годината инфлацијата ќе остане стабилна и ќе биде меѓу 3.5 и 4.0%, а наредната година ќе се сведе до ниво од 2 до 3%.

Реклама

“Мерките се случуваат и сето тоа во одредени месеци влијае позитивно. Очекувам дека во октомври да се движиме помеѓу 4 до 4,5% поради ниското ниво минатата година во октомври а тогаш се сеќавате, имавме мерки за замарзнување на маржи. Очекувам, пристојно намалување во ноември и декември.Така што просечната годишна ставка ќе биде од 3,5 до 4 отсто што претставува една од  најниските во европа и регионот.Очекувам дека наредната година нивото на инфлација ќе се движи меѓу 2 и 3 % ” – вели премиерот Мицкоски.

Премиерот очекува растот на економијата да продолжи со солидно темпо и годината да заврши со 3.5%. Потенцира дека до крајот на мандатот на оваа Влада вкупниот Бруто домашен производ да надмине 20 милијради долари.

“Ќе се приближиме до целта на оваа Влада, а тоа е до крајот на мандатот да имаме домашен бруто производ од 20 милијарди долари. Таа бројка ќе ја стигнеме веќе следната година и оваа година за прв пат номиналниот домашен бруто – производ по глава на жител ќе имаме петоцифрена бројка во долари. Односно, над 10.000 долари ќе биде домашниот бруто-производ по глава на жител” –  рече Мицкоски.

Според проекциите на Народната банка економскиот раст годинава ќе достигне 3,5 отсто, а следната ќе забрза на 4%. Личната потрошувачка, поради зголемениот доход на домаќинствата и приватните и јавни инвестиции, заедно со кредитната активност на банките и поволните кредити од државата, се главни двигатели на растот. Народната банка внимателно ги следи и ризиците од надворешното и домашно опкружување и доколу има потреба, ќе ги преземат сите мерки за да се задржи стабилноста на девизниот курс и на цените.