Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Економија

Индустриското производство во првите четири месеци зголемено за 1,8 проценти

Индустриското производство во периодот јануари – април 2025 година, во однос на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Индустриското производство во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари – април лани бележи раст од 1.8 %. Во април годинава, пак, во споредба со истиот месец од 2024, индустриското производство е зголемено за 1.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење на камен, индустриското производствово бележи опаѓање од 1.2 %, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 2.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 18.3 %.

Според главните индустриски групи, производството во април 2025 година, во однос на април 2024, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.2 %, додека опаѓање има кај Енергија за 16.2 %, Капитални производи за 6.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1 %.