Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Индустриското производство лани со годишен раст од 1,9 проценти

Индустриското производство останува еден од носечките сегменти на македонската економија. Државниот завод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Индустриското производство останува еден од носечките сегменти на македонската економија. Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во декември 2025 година е зголемено за 2,3 проценти во споредба со декември лани. На годишно ниво, во 2025, во однос на 2024 година, индустриското производство бележи раст од 1,9 проценти. Најголем придонес за декемврискиот раст има зголеменото производство на прехранбени производи, пијалаци и моторни возила, со раст од 4,5 проценти.

Раст е забележан во преработувачката индустрија, додека пад има во рударството и во секторот за снабдување со електрична енергија, гас и пареа. Според индустриските групи, раст е регистриран кај производи за широка потрошувачка, а намалување кај енергијата, капиталните и трајните производи.