Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Инцидент во Собрание – Димитар Апасиев фрлаше со хартии и слушалки кон колегите пратеници

Пцовки, турканици – зовре атмосферата во Собранието. Лидерот на Левица повторно предизвика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пцовки, турканици – зовре атмосферата во Собранието. Лидерот на Левица повторно предизвика инцидент. Димитар Апасиев не додржа и на седницата за пратенички прашања, по расправијата со пратениците почна да фрла со хартии кон преставниците од ВМРО-ДПМНЕ, а за малку беше избегната и посериозна физичка пресметка.

Инцидентот настана кога Реџеп Исмаил од Левица му постави пратеничко прашање на премиерот Христијан Мицкоски, а тоа претходно не било писмено најавено кај претседателот на Собранието, како што предвидува новиот Деловник за работа.

На ова процедурално реагираше Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека го изигруваат Деловникот. Потоа Апасиев прво влезе во вербална расправија со пратеникот Зоранчо Јованчев, а по неа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета. Апасиев видно изнервиран извикуваше кон Јованчев. Во исто време и пратеникот од Левица, Борислав Крмов, со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, за малку не си разменија тупаници.

Реклама

Претседателот на Собранието, Африм Гаши го повика обезбедувањето да интервенира и даде пауза од 10 минути.

По ова премиерот Мицкоски, кој беше прашан од Левица зошто Владата дала поддршка за именувањето на Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО Алијансата го одговори прашањето. Тој и денеска повтори дека без оглед на идеолошките разлики со неа, логично е да се поддржи единствената Македонка во конкуренција со кандидати од други држави.

  • „Јас објаснив и вчера дека со госпоѓата Радмила Шекеринска имаме дијаметрални разлики за многу прашања што се однесуваат на дневната политика, но не само на дневната политика, туку и на стратешки разлики, идеолошки разлики, и тука никој не треба да има дилема. Но, секогаш кога станува збор за македонски национален интерес подготвен сум да поддржам секого. Во изборот меѓу Радмила Шекеринска и останати четири други кандидатки, логично е како премиер на Владата на цела Македонија, не само на лево, десно, центар, Македонци, Албанци, Турци…на сите, да донесам одлука за која што заедно со луѓето кои се во соодветните ресори ќе покажеме дека тоа што го зборуваме и кога повикуваме на национално единство, тоа и да го практикуваме“ рече премиерот Христијан Мицкоски.

Ова не е прв пат пратеници на Левица да направат инцидент во Собранието. Претходно искршија компјутер на тогашниот заменик претседател Горан Мисовски, а потоа фрлаа кон нив со хартии. Незадоволството дојде бидејќи не се прифати барањето на Левица да се тргне точката за деловникот од дневен ред. Апасиев пред две години се закошка со тогашниот пратеник на СДСМ, Мартин Костовски.