Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски со најголем дел од родителите на загинатите во дискотеката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски со најголем дел од родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се има видено и како што рече ќе продолжи да се гледа, разговара и ќе им се помогне на семејствата на повредните.

-Апсолутно имаме организиран пристап и со родителите се видов, најголемиот дел од родителите и ќе продолжам да се гледам, да разговараме, да помагаме и за оние коишто се повредени и за оние коишто за жал ги загубија своите најмили, изјави премиерот Мицкоски, кој во Општина Желино денеска одговараше на новинарско прашање дали се следи состојбата и се помага на семејствата на загинатите и повредните во кочанската дискотека „Пулс“.

Мицкоски го повика и обвинителството да ги преиспита сите случаи во минатото кои како што рече беа заташкани, а меѓу нив се случаите во модуларната болница во Тетово, потоа Ласкарци, Беса транс, а вклучително како што рече и последниот во Кочани. Ова е дел од пораката на премиерот Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за одговорноста за пожарот во модулрната болница во Тетово и поддршката за семејствата кои имаат загинато свои блиски.

Реклама

-Секој којшто има и најмала вина, вклучително и јас да биде одговорен, без разлика од која политичка партија доаѓа, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата одговори дека семејствата кои имаат загинато свои блиски во модуларната болница во Тетово апсолутно ја имаат неговата поддршка, но посочи дека истрагата околу овој случај не ја води Владата, туку обвинителството.

– Пресудата ја носат судовите. Ние многу пати во минатото сме кажале дека тие ниту имаат кредибилитет, ниту имаат легитимитет, бидејќи судиите и обвинителите во минатото знаете каде се собираа, во штабовите на СДСМ и на Демократската унија за интеграција и логично е што вие очекувате, какви пресуди да носат тие судии, тие обвинители, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека е и логично дека таквите судии и обвинители ќе носат такви пресуди, како што е пресуда за братот на поранешен министер и како што вели „нема сигурно да донесат поинаква пресуда“.

-Тие судии, тие обвинители така ќе обвинуваат и така ќе судат се додека не настане целосен ресет на системот, а за да настане целосен ресет, ние сакаме да ги почитуваме законите и Уставот. Ние не сакаме да работиме дивјачки, како што тоа некој го правеше во минатото. Апсолутно додека јас сум премиер, гарантирам правда за секого, нема граѓани од прво и втор ред. Сите сме исти пред Уставот и законите и така ќе продолжиме да функционираме, рече Мицкоски.